Хм….Немам почеток на ова…Дури не знам ни како уствари да го почнам текстот а толку многу сакам да споделам и кажам. Ама, знам од каде – од почеток, или од крајот…
Неважно, поентата е иста.
Животот е толку убав. Живееме во свет во кој сите сме среќни дали вистински или само се фолираме по социјалните мрежи дека сме, знаете за ако у случај прочита комшијата, или пак онаа досадната другарка што ме бара само кога ќе сака да се жали, битно е другите да мислат дека ние сме среќни. Не е важно дали денес сум скршена од тага, или ми треба рамо, од оние удобните за плачење, после кои се е некако полесно, како дел од товарот да го снемува, да останува на рамото…битно е дека сите други го гледаат она што им го покажуваме-насмевката или пак статусот(секој различно). И по некоја случајност, бев од оние личности на кои можеш да им се издереш за да ти олесни, а да не ти возвратат затоа што денот им бил лош, да им плачеш по цел ден раскажувајќи колку животот не бил фер со тебе затоа што баш твоето работно место го пополнила некоја си” што не знам како дошла на работното место”, или пак за дечкото што цело време те нервирал…И така слушајќи ги сите нефер судбини, непогодени денови, несреќни љубовни приказни, си се симнував скала по скала надолу. Затоа што не бев учена да не сочуствувам со ситуацијата. Голема грешка. И нормално,жив човек сум, и јас имам желба, не да се дерам, ниту пак да се жалам, ниту пак да барам рамо заплачење(знам да плачам сама,да ги кријам солзите затоа што знам дека некому можат да повредат истите тие што неизмерно ми бегаат од око, колку и да посакувам да не паѓаат), едноставно да некој ме праша како сум,да ме гушне силно и да ми каже ќе биде се во ред. Доволно е.Ама ништо од тој муабет. Од никој. И така ден за ден, скала по скала, стигнуваш на дното… Се осеќаш небитно..Немаш желба за ништо. Се претвараш во растение…И тогаш, имаш време за размислување, имаш време да си ги сослушаш сопствените желби кои толку долго си ги ставал на некое место позади…скриени…подгазени…И сфакаш дека сакашда живееш и ти, да сонуваш, да градеш…И почнуваш да градеш… Изградив
толку големи ѕидини што жив човек тешко дека ќе ги прескокне…Сфакаш дека не можеш сите туѓи животи да ги лепеш на своето срце…Му треба воздух и на него…Да диши! И почнуваш скала по скала нагоре..Те пречекуваат истите тие луѓе кои беа задолжени да ти го покажат патот до дното…Се појавуваат од никаде. И пак, после толку време, со истите приказни, со истите муабети…Само сега си појак. Знаеш да се носиш со нивниот товар. Ги ислушуваш, ги тапкаш по рамо и продолжуваш понатаму, без задлабочување, без навлегување во туѓото..Ако не можеш да им помогнеш немаш потреба ни да се мешаш..Веќе знаеш како…И никогаш повеќе нема да му правиш стресови на твоето срце…Никогаш повеќе нема да им веруваш на лажните тапкања по рамо, колку и да личат на прегратки, страшно болат одпосле..нешто како њус појава доаѓа и секојпат со поголема сила удара. Животот е еден, не дозволувајте да ви го рушат дежурните кукачи, тие не го доживуваат тоа толку болно….Само сакаат да постигнат ефект на сожалување, ефект на најтрогателна приказна….Затоа што и не знаатна друг јазик да комуницираат со околината….А вам ќе ви остават лузни. Затоа понекогаш е добро да се биде кучка. Не дека е арогантна, туку на потешкиот начин научила да процени. Го осетила патот до дното, и назад… И да, се учи и на туѓите грешки, и помалку боли!