Убавината на дрвото се листовите, цветот и плодот, иако душата е во коренот, стеблото и гранките.
Листовите го разубавуваат дрвото и го пополнуваат секој дел од празнината на многуте гранки кои исправени или изграбавени гордо стојат на стеблото.Цветот паксо своите бои и мирис што го шири не плени. Барем за миг го привлекува нашето внимание велејќи си: Зарем уште постои таква убавина, чиста која без тешкотии привлекува…
После некое време пристигнува плодот.Зар не е чудно! Толку лесно! Од земјата, сонцето и водата се раѓа плодот. Долго очекуван се појавува и дрвото станува комплетно. Неговата мисија е завршена. Закисели се, заблажи се, зависно како ќе го ообереш. И на крај го оставаш само на себе да се бори со својо корен. Да го издржи стеблото со празните гранки од кои листовите веќесе паднати и препуштено со товарот за следното разубавување на својот свет. Тука не е крајот. Душата негова го храни, го одржува во живот. Негрди го додека е беспомошно. Утре сонцето, водата и земјата пак ке си го направат своето. Остави го да биде корисно! Не земај му го животот, и тој има право на тоа. Сега спореди се самиот себе си…. Разликата не е голема….
Анета Јовановска
Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…