Вашата сопствена среќа во голема мера зависи од способноста да се заштитите себеси и своето семејство од последиците на озборувањето.
Не гледајте го злото, не зборувајте за злото, не мислете на злото. Озборувањето ги опива како опојно, отровно вино оние кои со часови зборуваат за другите. Зарем не е чудно како луѓето можат лесно, радосно и со зајадливо осудување со часови да зборуваат за недостатоците на другите луѓе, а не можат да го поднесат ниту спомнувањето на своите сопствени недостатоци?
Следниот пат кога ќе дојдете во искушение да зборувате за моралните и менталните способности на другите луѓе, во истиот миг почнете гласно да зборувате за сопствените морални и ментални слабости, па да видите како ви се допаѓа тоа. Ако не ви се допаѓа и ако ве боли да зборувате за сопствените недостатоци, би требало многу повеќе да ве заболи кога зборувате нељубезни и лоши работи за другите луѓе. Научете и вие и вашето семејство да се воздржите од озборувањето на другите.
,,Не судете, за да не бидете судени. Оти со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери,, ( Матеј, 7:1-2). Во куќата на вашиот ум има многу гнасотии кои треба да бидат отстранети. Немојте да и’ се препуштите на приказната за менталните гнасотии во животот на другите, туку фатете се за работа и сопствениот живот ослободете го од тие слабости. Молчешкум лекувајте се себеси од желбата да критикувате и кога ќе се ослободите од осудувањето и озборувањето на другите, тогаш со своето сочуствително срце и со добриот пример учете ги да бидат подобри.
Парамханса Јогананда
Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…