Честопати се навраќам наназад. Честопати истите прашања ми одѕвонуваат во глава… А можеше ли воопшто да биде поинаку? Можевме ли да завршиме поинаку?
И секојпат одново и одново ги барам истите одговори кои никогаш не успевам да ги најдам, да ги сложам и да добијам конкретен, конечен одговор.
Моменти на тага, моменти на радост…насекаде постоиш.. А оддамна решив дека ќе те нема… Ама срцето изгледа несака така… И после толку време знаеш да ми предизвикаш насмевка на лицето… А зошто? Зошто кога ме отфрли од тебе?
Зошто кога ме остави на страна како некоја резерва за кога ќе ти притреба рамо за плачење? Зошто сега ме бараш?
Затоа што никој не знае да те направи среќен како што знаев јас!
Затоа што никој не знае да ти ја ”зоврие крвта” како што знаев јас!
Затоа што никој не знае да те гушне како што знаев јас!
А ти? … Ми посака среќа за понатаму…
Ми кажа дека ја заслужувам најголемата среќа на светот, знаејќи дека ти си ми најголемата среќа што ми се случила во животот (или барем така мислев)…
И сега, ме бараш… Сега откако јас сфатив што значи среќа…Сега откако успеав да си докажам на самата себе дека ти си тој што изгуби…
И не боли тоа што ме бараш… Боли тоа што го кажуваш… Боли тоа што го чуствуваш… Боли тоа што можевме поинаку!
Боли тоа што секогаш бев резервна гума за исправка на твоите грешки.
А тебе сега те боли егото! Или помислата дека ме загуби… А ме измори! Ме измори затоа што долго те чекав!
Автор – Елена