Декември е волшебен месец. Тој ни го топли срцето со неговите денови и ноќи, испреплетено со новогодишна магија. Невозможно е да не се осети волшебното наговестување на најубавите празници. За мене е најубав месец.
Мојот прв најубав празник е мојот роденден. Го прославив со моето семејство. Насекаде се чувствува таа празнична магија. Украсени домови, радосен џагор и тој сјај во нашите детски срце, кој неможе да биде скриен. Празниците се тие кој не собираат сите на едно место и ни ја топлат душата со љубов. Како наеднаш времето да застанува за да го избрише сето она што не растажило во минатата година. Насекаде се распослало шаренилот, во маркетите, на училиште, во топлите домови. Спремни за испишување на празните страници од новата книга. Но со надеж да ги испишеме со среќни моменти и големи надежи за една нова поубава година. Година во која ќе царува хармонијата, здравјето, љубовта и добрината.
Празниците се ближат, желбите се сонуваат и магично соништата се исполнуваат. Среќни Празници !
Марија Петковска