Хм….од каде да почнам…. Да не се лажеме ама горе долу 2020 година за сите беше лоша со неколку поучни моменти. Заборавивме на долгите ноќни дружби со пријателите, на целодневната прошетка по излози, на собирањето на најблиските за прославување на убави моменти… Заборавивме на патувања, на дружења…Но научивме и многу лекции. Без секој се може ! Да, буквално без секој ! Така да заборавете на личностите кои заборавиле на вас, заборавите на личностите што ве бараат само кога ќе им требате. Заборавете на луѓето што ве прават несреќни. Животот е прекраток за да дозволите да други ви го креираат расположението и делата. И не е себично да се ставите вие самите на прво место. Вие сте на тронот во вашето кралство. Круната на глава и напред. Декември е сосема идеален месец за предновогодишна генералка пред да ги наместете сијаличките да заблескаат а и вие со нив. Затоа не губете време. Уште денес, листот и пенкалото пред вас и стокмете го списочето на луѓе кои се секогаш тука за вас и луѓе кои се тука само кога им требате. Врамете го она со вистинските и одвреме на време проверувајте го. И не е себичност, самопочитување е. Исфрлете се што ви е вишок во домот, во животот и зачекорете во 2021. Украсете го домот, украсете ја елката. Запалете ги сијаличките да заблескаат. Заблескајте и вие. И тоа на најјако. Среќни Празници !