Да би живееле со полни гради, без жалење за пропуштеното и каење за направеното, морате пред се да го разбирате животот. Но дали постои дефиниција за тоа што е животот? Или пак како треба да се живее ?
Раѓањето и смртта не се наши избори, но животот е избор, а не случајност или нешто на што не можеме да влијаеме. Сами го одбираме животниот пат со нашите одлуки и навики ја креираме нашата сегашност и нашата иднина. Ги бираме пријателите, кариерата, политичката припадност, музиката што сакаме да ја слушаме и слично. Но постојат и други начини на кои можеме да влијаеме на сопствениот живот. Изградите став, бидејќи тој е најважен сегмент и влијае на изборите што ги правиме во животот. Наместо да ги прифатите наметнатите стандарди, креирајте ваш сопствен систем на вредности во склад со она што за вас изгледа исправно. И секогаш имајте на ум дека и тогаш кога нема да може да влијаете на некои случувања во животот, можете да влијаете на тоа како ќе реагирате на истите. Ценете го она што го имате и бидете благодарни за истото! Наместо да тагувате за нештото што го немате, бидете благодарни за тоа што го имате!
И сите ја знаеме оваа фраза и само ни поминува во глава како некое напишано правило но ретко кој се држи до истото. Но, колку повеќе ја вежбаме благодарноста кон она што го имаме таа ќе прерасне во наш став. Фразата како зрачиш така и привлекуваш… Позната ? Луѓето со позитивен став секогаш го очекуваат најдоброто додека оние со негативен го креираат најлошото сценарио во нивниот ум. Очекувањата најчесто им се исполнуваат. Какви ви се мислите таков ви е и животот. Успехот не се мери со бројки Со пари не може да купиме ни среќа ни успех. Успехот е во обидувањето, не во победата. Успешните луѓе гледаат како сплет на можности и секогаш одново ги истражуваат. Хроничното патење е личен избор Животот не е филм снимен по некое сценарио. Тој е школа што мораме да ја завршиме на полесниот или потешкиот начин, но на крајот ги учиме највашните лекции. Болката е неизбежна но патењето е личен избор. Сами одлучуваме како ќе се носиме со ситуациите. Можеме да допуштиме да не скршат и да се сожалуваме самите себе а можеме да најдеме нов извор на сила и да го исрпиме најдоброто од животот. Можеме бесцелно да лутаме или пак да ја пронајдеме смислата на својот живот. Одлучуваме колку ќе научиме и што ќе станеме. Учењето може да ни претставува неудобна обврска или прилика да се усовршиме.
Можеме да го заклучиме или пак широко да го отвориме нашиот ум а од тоа зависи дали ќе стоиме во место или ќе се усовршуваме. Можеме да допуштиме луѓето и околината да влијаат на тоа во што ќе се изградиме а можеме и сами да избереме насоки и цел. Со голема желба можеме да промениме апсолутно се ако сме свесни дека секогаш имаме избор. Кога ќе го пронајдеме својот пат најважно е да се држиме до него. Ако сме со голема мотивација ниедна препрека нема да не спречи. Мотивираните луѓе точно знаат што сакаат и кои им се целите. Тие се успешни без разлика на препреките затоа што знаат точно накаде се движат.
Дали станува збор за голем или мал, секој успех најпрво била поставена цел која сме ја исполниле благодарение на нашата мотивација. Залудно е да се надеваме на успех без работа Со напорна работа стануваме свесни за нашите сопствени способности и откриваме што се можеме да направиме и постигнеме. Успехот мора да се заслужи со работа но бидете стрпливи затоа што не се постигнува преку ноќ. Неуспехот претворете го во успех Неуспесите се дел од животот во кој губитниците заглавуваат и се самосожалуваат додека успешните излегуваат посилни и помудри од истите. Пронајдете сила да го прифатите неуспехот и да ја извлешете поуката која ќе ви помгне на патот кон успехот.
Што повеќе давате, повеќе и ќе добивате. Љубезноста не не чини ништо, а со неа постигнуваме многу. Пробајте да го пронајдете доброто во луѓето. Наместо да го критикувате соговорникот, пофалете го. Што повеќе давате, повеќе и ќе добивате. И најважно од се, Контролирајте ги вашите мисли ! Какви ви се мислите – таков ви е животот !