По појавата на Mercedes-Benz G со три осовини и шест тркала инспирира и други производители на теренски возила да се вклучат во предизвикот и да претстават свое вакво екстремно „чудовиште“ со исто толку осовини и тркала.
Станува збор за автомобил дело на тјунерската работилница Kahn Design, која се погрижи Land Rover Defender да добие уште една осовина и да може со тоа да застане рамо до рамо до „чудовиштето“ на Mercedes-Benz.
Името на ова 6×6 возило е Flying Huntsman, а за оние кои можеби ќе помислат дека би сакале да поседуваат еден ваков Defender потребно ќе биде да подготват ни помалку, ни повеќе, туку точно 282.500 евра!
Секако по цената и по концепцијата претпоставувате дека возилото наменски е правено првенствено за богатите Арапи на кои им требаат токму вакви скапи возила.
Од перформансите, овој теренец го движи моќниот 6.2 литарски V8 мотор на GM, кој генерира доволни 430кс.
Моторот е сериозен додаток, кој го американизира срцето на овој легендарен Британец и секако е нужен, со цел возилото да биде достоен конкурент на Mercedes-Benz G63 6×6.
Освен перформансите, Defender 6×6 е стилски доработен како надворешно, така и внатрешно.