Во минатите неколку години, автомобилската компанија BMW претстави бројни концепти на автомобили кои дотогаш не сме имале прилика да ги видиме.
Оваа година се појавија гласини дека гигантската компанија ја базира својата нова серија на Gran Lusso Coupe моделот.
Доколку тоа е вистина, тогаш првата работа која може да се забележи е остриот, строго дефиниран екстериер.
Фаровите и позиционите светла се неверојатно минималистички и претставуваат акценти наместо нешто што ќе привлекува премногу внимание.
Главното унапредување на платформата е токму технологијата која е користена. Предниот дел од автомобилот може да се пофали со нешто што BMW го нарекува “Connected Drive” сервис. Многу делови од автомобилот се поврзани со LED дисплеи, што на возачот му нудат информации за дестинацијата, работата на автомобилот и интерфејс што совршено соработува со автоматизираните системи.
Благодарение на компаниите како што е Тесла, автономните автомобили повеќе не се непозната тема, но она што BMW го предлага е систем кој ја надминува разликата помеѓу автомобилскиот компјутер и возачот.
Иако ова сè уште е само прототип, многу од овие елементи имаат голема шанса да завршат токму како дел од новата серија. Иако моментално самостојните автомобили се во екот на популарноста, многумина не сакаат да се откажат од квалитетното возачко искуство.
Со тоа, очекуваме оваа серија да биде автомобил кој ќе даде сè од себе, со цел да го подобри искуството при возењето, без одземање на било кој детаљ.