Социјалната мрежа Фејсбук ќе додаде нови „news feeds“ табови и за прв пат корисниците ќе можат да прелистуваат повеќе од нив во исто време.
Од компанијата велат дека социјалната мрежа ќе го задржи својот постоечки и традиционален feed, кој го сочинува комбинација од настани, слики и линкови за кои Facebook смета дека корисниците би биле заинтересирани. Но, ќе додаде и нови, кои автоматски ќе ја сортираат содржината во категории.
Освен вообичаениот feed, Facebook ќе има секундарни како „патување“, „стил“, „наслови“ и „повеќе“, според корисници кои веќе ја пробале новата алатка.
Новата можност ќе им овозможува на луѓето да пребаруваат одредена содржина, наместо да бараат низ комбинација од сé што било објавено од нивните пријатели и страниците кои ги „следат“.
Алатката во моментов е во тест фаза. Facebook паралелно тестира и нова алатка за онлајн купување, која им овозможува на луѓето да купуваат нешта кога ќе ги видат на социјалната мрежа, без воопшто да ја напуштат апликацијата.