Дали можете да се сеќавате на бившиот без болка? Дали кога пиете кафе со пријателките ги споменувате минатите врски без доза на каење, бес или носталгија?
СПОМЕНИ
Знаете да раскажете некој настан поврзан со нив, но само како убав спомен или животна лекција, а не како копнеж колку би сакале повторно да бидете со него.
Се сеќавате на патувања, на романтични гестови, но и на кавгите и проблемите. Ја задржувате вистинската слика за врската без таа да претежне на едната страна, па да се претворите во опседната или огорчена.
ДЕВОЈКИ КОИ НЕ ЗБОРУВААТ НА ТЕМАТА
Сепак постојат и девојки кои откако ќе ја закопаат секирата воопшто не сакаат да ја споменат таа тема или воопшто неговото име. Но дали се може да биде така лесно заборавено преку ноќ?
Дали треба да ги избришеме тие 2,3 или 5 години од нашиот живот или едноставно треба да научиме да се сеќаваме без болка?
Кога во умот ќе си расчистите за болното неверство од негова страна, за работите кои не функционираа, за тоа дека моравте да го оставите затоа што знаевте дека вашата врска е слепа улица, ќе можете да си споменете за минатото. Ако не зборувате за него пред пријателките, тоа не мора да значи дека сте го заборавиле.
Токму нерасчистените емоции најмногу му тежат на нашето срце, така што девојките кои ви изгледаат како да ги забораваат имињата на момчињата после секоја раскината врска, колку и да ви изгледаат силни, можеби се многу поранливи од вас. И молчат од причина што не знаат како да говорат од дистанца за врската која завршила, а не од причина што не се сеќаваат.
ЗАБАВА
Плус разговорите за поранешните врски може да бидат одлична лекција за тоа каде сте погрешиле или каков тип на маж не му одговара на вашиот нарав. Ќе се забавувате и ќе се шегувате на негова смета додека го пиете кафето со пријателката.
Сепак ова не смее да ја премине границата, па тој да доминира во вашите разговори, треба да се најде простор за новото момче кое ви се допаѓа.