Преземањето и инсталирањето на Windows 10 Technical Preview build 9860 и не е толку тешко, благодарение на новиот систем на Мајкрософт за надградба која овозможува новите изданија да бидат преземени и инсталирани без премногу голема мака на корисниците.
Пред да започнете со процесот, важно е да се знае дека новата верзија нема да го избрише вашиот хард диск и дека сите ваши поставки ќе бидат зачувани. Ова всушност е најдоброто нешто во врска со новиот систем за надградби.
Како да ја преземете новата верзија и зошто го нема новиот ISO?
Единствениот начин да го преземете новиот build 9860 е преку интегрираниот екран за поставки на компјутерот кој може да се најде во Windows 10 Technical Preview build 9841. Потребно е да го следите овој пат:
PC settings > Update and recovery > Preview builds
Потоа едноставно кликнете на копчето „Провери сега“, и новата верзија би требало да биде таму, така што можете да кликнете на „Download“ копчето за да го започнете преземањето на новата верзија. Откако овој процес е завршен, останува само уште да притиснете на копчето „Инсталирај“.
За оние кои сакаат посебна нова верзија, треба да се забележи дека не постои посебен ISO. Причината е прилично едноставна: Microsoft повеќе не сака да објавува самостојни ажурирања на новиот оперативен систем, туку само онаа интегрираната која може да се симне преку новиот систем за ажурирање на јадрото на оперативниот систем.