Комплексно парче на софтвер кој служи за следење и шпионирање било откриено на компјутери во десет земји, а се претпоставува дека станува збор за „технолошки софистицирано оружје на некоја влада“.
Symantec објави дека потеклото на малициозниот софтвер, кој е именуван како „Reign“ (владеење), е непознато, дека не е пронајден на компјутерите во САД и дека е откриен најмногу во Русија и Саудиска Арабија. Се верува дека „Reign“ собира разузнавачки информации и индустриски податоци најмалку шест години, а повеќе од половина од заразените компјутери им припаѓаат на поединци и мали бизниси.
Покрај тоа, нападнати се и компании од секторот на телекомуникациите, истражувачки институти, како и некои компјутери на органи на власти.
– „Reign“ е комплексен малициозен софтвер чија структура открива ретко видено ниво на безгрешната техника. Неговите капацитети и ресурси кои веројатно стојат зад него укажуваат на тоа дека тој е една од главните алатки за сајбер шпионажата на некои држави. – соопшти Симантек, водечка компанија за безбедност во ИТ секторот.
Освен Русија и Саудиска Арабија, биле нападнати компјутери во Мексико, Ирска, Индија, Авганистан, Иран, Белгија, Австрија и Пакистан.