Историјата е преполна со мистериозни пронајдоци на кои научниците сè уште им ја немаат пронајдено нивната намена. Ова се дел од откритијата за кои науката нема објаснување.
1. Подводниот град Јонагуни во Јапонија
Овој антички камен комплекс бил откриен сосем случајно од Кихачиро Аратаке, инструктор по нуркање. Подводниот град е вистинска мистерија, каменот од кој е направен е потонат под вода повеќе од 10.000 години, долго време пред да бидат изградени египетските пирамиди.
2. Подземни тунели од камено време
Проширена мрежа на подземни тунели, кое се протега низ Европа, од Шкотска до Турција, докажува дека не знаеме многу работи за луѓето од каменото време. Вистинската цел на овие тунели не е позната. Некои истражувачи веруваат дека луѓето ги користеле како заштита против грабливци, додека други веруваат дека служеле за безбедно патување.
3. Порта на Сонцето, Боливија
Некои археолози веруваат дека се наоѓал во центарот на голема империја во текот на првиот милениум. Никој не знае што значат цртежите на портата, можно е да имаат некакво астролошко или астрономско значење.
4. Недовршениот обелиск во Египет
Не е познато зошто останал недовршен, ниту зошто е оставен во ваква состојба.
5. Џиновските топки во Костарика
Овие мистериозни камени формации се интересни поради својата форма, но и поради непознатото потекло и намена. Откриени се во 30-тите години на минатиот век од работници кои чистеле плантажа со банани. Според локалните легенди, мистериозните топки содржеле скриено злато но сепак биле празни.