Facebook ја претстави својата нова опција со која корисниците ќе можат да пријават дека одредена објава е лажна.
Наскоро на Facebook ќе гледаме помалку лажни вести. Имено, популарната друштвена мрежа на светот вложува голем труд за да нивните корисници на News Feed гледаат што е можно помалку лажни и збунувачки приказни.
– Луѓето често споделуваат измами и невистинити приказни, кои ги бришат откако ќе увидат дека се измамени. Овие типови на објави исто така привлекуваат многу негативни коментари и линкови кои покажуваат дека приказната е всушност невистинита – велат од Facebook.
Податоците кои компанијата ги има собрано покажуваат дека двојно поголема е шансата дека луѓето ќе избришат одредена објава откако некој од пријателите им напише и објасни дека тоа не е вистина.
Со новата опција, корисниците ќе можат да пријават дека одредена објава е лажна.
Компанијата нема да ги избрише или да ги проверува содржините. Популарната друштвена мрежа ќе ја намали дистрибуцијата на пријавената содржина и ќе постави известување дека веројатно станува збор за лажна објава.
Facebook постави алатка за размена и читање на вести. Според истражувањето во 2013 година, дури 30 проценти од луѓето во Америка за читање на вести се осврнуваат на Facebook. Оваа бројка е сигурно зголемена до денес.
Од друга страна пак, оваа друштвена мрежа имала голем број лажни приказни кои се имат проширено низ светот со неверојатно голема брзина, што и не е баш добро. Поради тоа многу корисници на друштвената мрежа ја поздравија оваа одлука на компанијата.