Полицијата во Торонто открила тунел долг десет метри во близина на универзитетските спортски терени, а никој не знае кој, кога и зошто го градел тој подземен лавиринт.
Меѓу другото, во тунелот била пронајдена круна со симбол од Првата светска војна.
– Нема никакви показатели дека бил изграден како закана за јавната безбедност, ниту дека е граден за да послужи во злосторнички цели – изјавил заменик шефот на полицијата на Торонто, Марк Сондерс.
– Не знаеме зошто е изграден и тоа најмногу не загрижува – додал тој.
Доколку копањето продолжело, тунелот ќе се проширел под тениските игралишта и ќе ги обиколел сите згради во близина. Техниката на градењето укажува на тоа дека тие кои го копале знаеле што прават и дека знаеле како да обезбедат стабилност во тунелот.
Тунелот е висок 2 и пол метри, а широк седум метри, па возрасна личност може без проблем да се движи во него.