Лонгјирбуен е најсеверното населено место на светот и се наоѓа во Норвешка. Она што го прави оовј град уникатен е фактот што во него е забрането умирањето!? Штом некој жител на градот ќе се разболи или е пред смрт, итно тој со авион или брод се носи до норвешкото копно.
Дури некој жител ненадејно да умре во градот, тој нема да биде погребан тука. Покрај тоа на жителите им е дозволено носење на оружје поради големата опасност од средба со поларна мечка.
Во околината на Лонгјирбуен се смета дека има околу 3000 поларни мечки. Инаку во градот е забрането чување на мачки, бидејќи тие ги загрозуваат птиците.
Во градот може да се види мала црква зад која има училиште,а зад сето ова има само брда покриени со снег.
Инаку градската црква е секогаш отворена, во неа може да се послужите со кафе, колачи и разгледници и други интересни ситници за посетителите . Парите се оставаат во еден сад наменет за тоа.