Верувале или не, љубовта едноставно може да згасне. Повеќе немате потреба од неговата близина, не сакате да го гледате толку често и се поврзано со него е како еден вид обврска.
Дефинитивно е време најпрво да расчистите со себе, за да може да расчистите со него.
Кои работи укажуваат на тоа дека повеќе не го сакате и дека крајот на вашата врска?
Не ви недостига
Немате потреба да му се јавувате на секој половина час. Всушност, вие повеќе не му се ни јавувате. Помислувате на него единствено тогаш кога ќе ве побара на телефон. А тоа кажува и повеќе од доволно.
Драматизирате
Се чувствувате како да немате повеќе заеднички теми за разговор, па предизвикувате сосема непотребни караници. Караниците не се едноставно поради недостигот на теми за разговор, но и затоа што едноставно започнал да ве нервира.
Гледате други
Сретнувате ново момче, почнувате разговор со него и веднаш се прашувате дали е слободен, заборавајќи дека вие не сте. Мислите постојано на него и на тоа како би ви било доколку започнете врска со него.
Не ви е проблем да го излажете
Ви се јавува да излезете и ја има испланирано целата вечер, но вие едноставно не сакате да го видите и без да трепнете му кажувате дека имате други планови со друштвото. Тој секако ќе ви поверува и ќе ви посака убава вечер. Вас потоа не ве ни копка дали сте го повредиле со тоа или не и едноставно не ви ни текнува да му се јавите подоцна.
Наеднаш започна да ве срами
Тој веќе не е човекот со кој се гордеете. Започнавте да го следите секој негов збор и ви е страв да не каже нешто што не треба, а помислата да го запознаете со своите родители едноставно ве плаши.
Не сакате да имате секс
Секој пат кога сака да имате секс, измислувате нов изговор, а тој не престанува да се труди. Сексот со него повеќе не ви ни причинува некакво задоволство.
Не сте повеќе возбудени
Порано кога и да ви се јави или ве носи на викенд надвор од градот, одите на вечера во скап ресторан, ви купува цвеќе без причина и се бакнувате на дождот ви било премногу забавно и едвај сте чекале да дојде некоја слична таква прилика. Но, во последно време, вие не можете да го бакнувате, а не пак да одите со него на романтичен викенд надвор од градот.
Доколку се пронајдовте во некоја од горенаведените работи, можеби е време да размислувате за раскинување.