Длабоко во дождовните шуми на Мексико, на седум часа одење од Мексико Сити, се наоѓа ова магично скриено место, до кое многу малку луѓе успеале да дојдат.
Лас Позас е необично кралство скриено меѓу дрвјата, далеку од љубопитните очи на луѓето. Приказната за местото е следната. Во 40-тите години од минатиот век, ексцентричниот богаташ Едвард Џејмс потрошил милиони за да го изгради ова магично место, распослано на 80.000 метри квадратни со природни извори и водопади.