Огромен дел од „чувството“ кое го нуди пивото зависи од неговата пена, која е пресудна за тоа дали одредено пиво ќе биде вкусно или не и за фактот што точеното пиво е повкусно од флашираното.
Имено, гаџетот „Fizzics“ има вградено осцилатор кој испраќа вибрации до пивото преку звук на микронско ниво, и така создава пена со помали балончиња.
Според нив, најдоброто чувство во пиењето ќе го добиете ако балончињата од јаглеродниот двооксид се на големина од под 30 микрони. „Fizzics“ се обидува да го постигне токму тоа, и во тестирањето од страна на новинарот од „The Verge“, тој самиот изјавува дека пивото е навистина повкусно кога ќе се помине со нивниот уред.
„Fizzics“ работи на 4 АА батерии и може да се пренесува заедно со стандардна опрема за кампување, што го прави исклучително добар уред за разни излети и слично.