Иако источните земји најчесто се поврзуваат само со Кунг Фу, Таи Чи или Чи Гонг боречките вештини, монасите Шаолин знаат многу повеќе за животот. Живеат подолго и поздраво. Повитални се и посмирени, а нивното учење е спој на будизмот и таоизмот.
Принципите на оваа филозофија може да се применат каде и да живеете и со што и да се занимавате.
Ова се само дел од нив:
– Не мислете многу. Размислувањето троши многу енергија. Од премногу мислење остарувате.
– Не зборувајте многу. Повеќето луѓе или зборуваат или работат. Подобро работете.
– Кога работите, работете 40. минути, па направете пауза од 10 минути. Кога подолг период гледате во нешто, што било, го нарушувате видот и внатрешните органи но и внатрешниот мир.
– Кога сте среќни, контролирајте го чувството. Кога ќе ја изгубите контролата ја уништувате енергијата во белите дробови.
– Не се грижете премногу и не се лутете, бидејќи така ја расипувате енергијата во црниот дроб и цревата.
– Кога јадете, не јадете премногу. Кога се прејадувате ја нарушувате работата на слезината. Јадете малку кога ќе почувствувате малку глад.
– Кога нешто правите, не брзајте. Одете полека и побрзо ќе стигнете.
– Ако се занимавате само со физичка активност и не правите вежби за дишење, ќе станете многу нетрпеливи и нервозни. Ќе го изгубите балансот на своето тело.
– Ако не се занимавате со физичка активност, само се одморате или медитирате, повторно ќе го изгубите балансот.