Доколку поверувате во оваа измама, многу лесно можете да останете без профил на „Facebook“, а уште полошо од тоа е да останете и без пари во банка.
Имено, станува збор за пораки кои се појавуваат како коментари на објавите на корисниците, во кои пишува дека нивниот профил ќе биде суспендиран доколку не ги внесат податоците за пристап (емаил и лозинка), како и ако не ги ажурираат податоците за кредитната картичка.
Секако, овие пораки немаат никаква врска со „Facebook“, а оние кои ќе наседнат ризикуваат да станат жртва на измама која би можело да ве чини многу повеќе од самиот профил на популарната друштвена мрежа. Доколку поверувате во ова и ги внесете информациите за кредитната картичка, хакерите можат многу лесно да ви ги земат сите пари од вашата банкарска сметка.
Лажните коментари кои од корисникот ги бараат приватните информации изгледа вака:
Доколку случајно ја видете оваа порака, веднаш пријавите ја на администраторите на „Facebook“.