Дури 90 проценти од приходите на „Facebook“ доаѓаат од рекламите кои ги гледаме секојдневно на „news feed“.
Пазарната капитализација на „Facebook“ достигна 253 милијарди долари, а најголем извор на заработката на оваа компанија се рекламите кои ги гледаме на нашиот „news feed“. Ова е навистина огромна вредност на една компанија, а „Facebook“ секоја секунда заработува околу 432 долари.
Дури 90 проценти од приходите доаѓаат од рекламите и достигнаа пораст од 46 проценти во првиот квартал од 2015 година односно 3,32 милијарди долари. На овој пораст најголемо влијание имало воведувањето на видео рекламите.
„Facebook“ за прв пат се појави на берзата во мај 2012 година. Тогаш вредноста на една акција изнесувала 38 долари, а денес таа цифра достигна 90,10 долари.
Стручнаците предвидуваат дека оваа социјална мрежа ќе продолжи да расте.