Акциите на американската компанија „Google“ пораснаа за 15 проценти, со што вредноста на фирмата е зголемена за 50 милијарди долари.
Вкупната цена на компанијата на пазарот сега е поголема од 400 милијарди долари. Акциите на „Google“ се зголемени за 15 проценти бидејќи дојде до пораст на профитот од рекламите на мобилните телефони и од „YouTube“.
По затворањето на берзата, „Google“ вчера пријави пораст на нето приходите во вториот квартал од 3,93 милијарди долари.
„Google“ со ова е втора по вредност компанија на пазарот, веднаш зад „Apple“ кој е проценет на 745 милијарди долари.