„Crankmonkey“ е водоотпорен и има доживотна гаранција. Тежок е само 346 грама, а многу занимлив е начинот на кој ќе ја надополнува батеријата на вашиот телефон, таблет или некој друг уред.
Станува збор за гаџет кој може да се стави во сечиј џеб, а тој ќе создава струја така што корисникот ќе ја врти рачката која се наоѓа на неговиот врв.
Десет минути вртење на рачката е доволно за 20 минути зборување на „iPhone 6“ на пример.
– „Неколку минути вртење на рачката на „Crankmonkey“ може да го вклучи телефонот и овозможи повик кој можеби ќе спаси нечиј живот“ – истакна Џери Ренџер од „Powertraveller“.