Социјалната мрежа „Facebook“ е често мета на вирусите и таман кога ќе исчистите еден, ќе се појави нов.
Овие денови „Facebook“ го напаѓа екстремно агресивен порно вирус.
Забележано е на пример дека вашите пријатели споделуваат слики по групите со експлицитни порнографии кои на себе имаат нешто што личи на копче за пуштање на видео снимка.
„Facebook“, секако, е во процес на совладување на овој штетен вирус, но во последните неколку денови многу „news feed“-ови се преполни со порно слики.