Вкупната корпоративна вредност на „Facebook“ надминува 250 милијарди долари, а секој ден ова социјална мрежа ја посетуваат 968 милиони луѓе во целиот свет.
Приходите на американската социјална мрежа „Facebook“ во второто тромесечје на 2015 година достигнале 4,04 милијарди долари, наведено е во кварталниот извештај на фирмата.
Бројот на корисници на „Facebook“ пораснал за 13 проценти, односно на 1,49 милијарди луѓе. Секој ден социјалната мрежа ја посетуваат 968 милиони луѓе практично во целиот свет.
Истовремено нето приходот на компанијата е намален за 9 проценти, односно на 719 милиони долари, а производните и интерните трошоци пораснале за 82 проценти.
Вкупната корпоративна вредноста на „Facebook“ надминува 250 милијарди долари.