Новиот „Microsoft Windows 10“ тукушто е претставен, а експертите веќе пронајдоа „дупка“ во оперативниот систем.
„Windows 10“ е креиран така што корисниците лесно можат да разменуваат лозинки за Wi-Fi конекции со пријателите, но таа автоматски се споделува со сите ваши контакти од „Outlook“, „Skype“ и „Facebook“ кои користат „Windows 10“.
Стручњаците ги предупредуваат корисниците да бидат претпазливи со опцијата „Wi-Fi Sense“ и за сега да ја исклучат, особено затоа што „споделувањето“ на лозинките оди преку голем сервер на самиот „Microsoft“.
Од друга страна луѓето задолжени за сигурноста во „Microsoft“ велат дека со другите се споделува енкриптирана лозинка, а не конкретна комбинација.
Како да го исклучите „Wi-Fi Sense“?
1. Отворете „Network Settings“
2. Одберете „Manage Wi-Fi Settings“ (Settings > Network & Internet > Wi-Fi > Manage Wi-Fi Settings)
3. Потоа изберете која „Wi-Fi“ конекција сакате да ја споделувате или не со другите корисници