Facebook at Work е целосно нова мрежа наменета за компаниите, тимовите кои што работат на одредени проекти, како и деловните соработници. Замислена е да биде целосно издвоена од моменталната социјална мрежа и објавите на двете мрежи на никаков начин нема да може да се мешаат.
Оваа информација сѐ уште не е потврдена од страна на Facebook, па останува во рамките на неофицијални информации и шпекулации. Не би била прва мрежа од ваков тип, а постои добра конкуренција од други компании.
Наменета би била за вработените во една компанија да комуницираат едни со други, да го споделуваат напредокот за одредени проекти, да креираат групи, да работат со документи, како и да се поврзат со тимовите од други компании. Ваквите мрежи се обидуваат да бидат едно централизирано место каде што компанијата ќе го координира и организира работењето на своите тимови, без потреба од користење на повеќе алатки и сервиси како email, chat, cloud сервиси и слично.
Дизајнот на страната на Facebook at Work според информациите треба да биде истиот познат дизајн кој што го користи социјалната мрежа, се разбира прилагоден за посебната структура на новата мрежа.