Фејсбук лансира нов производ наменет за познатите личности кои од сега ќе можат директно да емитуваат видео содржини на истоимената социјална веб мрежа.
Новата функција, именувана „Лајв“, ќе биде интегрирана во апликацијата „Фејсбук меншенс“, која е лансирана минатото лето, а наменета е пред сѐ за познатите личности од светот на спортот, музиката, забавата или политиката, наведе Фејсбук на својот официјален блог.
Тие видео содржини ќе се појавуваат помеѓу актуелностите на членовите на Фејсбук кои ги следат тие познати личности. Тие ќе можат директно да оставаат коментари во текот на емитувањето на снимката или да го споделат видеото со своите пријатели. Видео содржината ќе остане достапна на Фејсбук страницата на познатите личности и по емитувањето.
– „Лајв“ е интересен и уникатен начин да се биде во контакт со познатите личности кои ве интересираат во реално време – објави Фејсбук.