„Твитер“ го укина ограничувањето за директните пораки.
„Твитер“ го укина ограничувањето за бројот на знаци во директните пораки помеѓу корисниците, соопштувајќи дека тоа ќе ја направи нивната приватна страна позабавна.
– Сега можете да четувате и четувате во директните пораки и веројатно на располагање ќе ви останат уште знаци – изјави менаџерот на продукцијата на „Твитер“, Сачин Агарвал.
Ограничувањето на бројот на знаци и понатаму останува да важи за оние кои праќаат пораки преку СМС.