Интернет гигантот Google го лансира својот футуристички Wi-Fi рутер – OnHub, кој ќе ги реши проблемите со недоверливи и бавни интернет врски.
Рутерот е многу брз, доверлив, привлечен со својот изглед и прилично лесен за користење.
Во OnHub рутерот има 13 антени и нема светилки што трепкаат, туку сите подесувања се одвиваат преку смартфонот и апликацијата „Google On“, преку која корисниците ќе ја подесуваат Wi-Fi мрежата.
– Уредот доаѓа со паметен софтвер што функционира во позадина, автоматски ќе го подесува OnHub за да се избегнат пречки во мрежата и истата секогаш да има најдобри перформанси – велат од Google.
Рутерот чини 199 долари на американски пазар.