Во една од најскриените пештери со сталактити, спелеолог од Израел пронајдено е скриено богатство старо повеќе од 2000 години.
Станува збор за сребрени монети од времето на Александар Македонски кој го освоил тоа подрачје околу 400 години пред нашата ера. На едната страна од монетата е слика на Александар, додека на другата страна е слика на богот Зевс кој седи на престолот. Со парите сокриен бил и сребрен накит, прстени, нараквици и обетки.
Елтан Клеин, директор на израелската канцеларија за заштита на антиквитети, вели дека богатството можеби го сокриле локалните жители кои побегнале после судирите по смртта на Александар.
Среброто веројатно било закопано во очекување на некои подобри времиња. Елтан се надева дека во пештерата, која детално се испитува, ќе пронајде уште вредни предмети.
Неодамна, исто така во Израел, но под море, пронајдена биле 2000 злати монети стари околу 1000 години.