Градежни работници во тек на извршување на своите задачи, пронашле подземен град со голема мрежа на тунели, за кој се претпоставува дека би можел да потекнува од пред 5.000 години.
Настанот се случил во градот Невшехир во Кападокија, додека работниците копале под куќи, кои требало да ги урнат.
Научниците сметаат дека во тој подземен град можело да престојуваат повеќе од 20.000 лица и дека можеби станува збор за најголем таков град на светот.
Инаку според наводите градот се наоѓа на длабочина од стотина метри, а тунелите кои што се пронајдени се долги по неколку километри.
Градоначалникот на Невшехир, Хасан Унвер рекол дека ова неверојатно откритие ќе ја направи Кападокија туристичка дестинација и најавил изградба на музеј, галерија и туристички посети на подземниот град.