Џиновска проѕирна сфера која плови во близина на брегот на Турција била пронајдена од група нуркачи, зачудувајќи ги експертите ширум светот.
Овој речиси невидлив подводен објект со големина на автомобил бил откриен од група нуркачи, додека пливале во близина на мал град во Турција на 9 јули. Сферата пловела на 22 метри длабочина, и била широка околу 4 метри.
Нуркачите го опишале откритието како мешавина од чудо и кошмар, и признале дека чувствувале „и возбуда и страв“ како што се приближувале кон „вонземскиот“ објект.
Лутфу ја снимил целата средба со зачудувачката сфера со подводна камера, и ја објавил на интернет со надеж дека некој можеби ќе му понуди објаснување за оваа појава.
Конечно, научник од Смитсониан музејот на природна историја, д-р Мајкл Векионе, кој го видел видеото, смислил можно објаснување за морската загатка. Векионе претпоставува дека станува збор за огромна маса составена од јајца од џиновска лигња, веројатно најголемата која е досега пронајдена.
Лигњата која создала толку многу јајца, што е навистина изненадувачко, веројатно е локален вид кој ја населува областа околу Турција, тврди д-р Векионе.