Поранешен американски маринец Ренди Крамер тврди дека на Марс има пет човечки колонии и дека 17 години се борел против вонземајни како би ги заштитил истите.
Ренди Крамер вели дека како американски војник служел во Одбранбените сили на Земјата, кои регрутираат војници од САД, Русија, Кина. Пред тоа бил маринец, а во посебен центар за обука на Месечината тренирале за пилотирање со свемирски летала. Додатана обука поминал и на Сатурновиот сателит Титан.
Тој открива дека атмосферата Марс е погодна за дишење, и дека на таму живеат две интелигентни и прилично агресивни врси – гмазовци и кукци. Неговата работа била да ги брани човечките колонии од нападите на тие агресивни врсти. Вели и дека рептилите се стар војнички клан, но дека се сепак мирољубиви и дека не сакаат да освојуваат туку сакаат само да ја одбранат својата територија. Базите се и на површината и под земјата.
Тој зборува и за својата проштална церемонија за пензионирањето (која била на Месечината), таму бил и тогашниот одговорен за државната одбрана Доналд Румсфилд, и дека сега конечно добил дозвола да збори за својата мисија.