За изгубениот град Атлантида прв пат се дознало од Платон, кој пред 2.400 години тврдел дека е остров на кој живеело неверојатно напредно општество. Според легендата се верува дека целиот остров потонал после земјотрес и подоцна станал подводно кралство заштитено од сирените. Каде точно се наоѓал овој град и дали воопшто постоел е сè уште непознато.
Прв пат се споменува во дијалозите Timaeus and Critias, напишани околу 360 години пред нашата ера од грчкиот филозоф Платон (429-347 ПНЕ). Египетски свештеник имал за задача да го опише на грчкиот политичар Солон (638-559 ПНЕ).
Свештеникот раскажал дека Атлантида била огромна – поголема од Мала Азија и Либија заедно. Имале технолошки напредна цивилизација, како што кажувал свештеникот, уште во 10-тиот милениум пред Христа.
Арапските географи кои ја пропагирале приказната за Атлантида и средновековните автори од Европа сметале на ова како факт.
Атлантида во грчката митологија
Грчките митови велат дека Посејдон се заљубил со смртна жена од Атлантида по име Клито, ќерка на Евенор и Леусип. Клито му родила 5 пара близнаци, сите момчиња. Најстариот син, Атлас, станал првиот крал на Атлантида и владеел над планините и околната област, а неговиот брат-близнак, Гадеирус, го добил надворешниот дел од островот, се’ до Карпите на Херкулес.
За да ја заштити Клито, Посејдон направил замок во централната планина и ја опколил со вода и копно. Замок во чест на Посејдон бил изграден на врвот на планината.
Главниот град бил сместен надвор од овој прстен со вода. Под модерниот град имало плодно земјиште, и поради добрата клима во Атлантида имало и по 2 жетви годишно.
Атлантида била просперитетна и прекрасна, и ги напаѓала нациите се’ до Египет – но не успеале да ја покорат Атина. Како што вообичаено се случува со најмоќните нации, Атлантида станала корумпирана и уништена од алчност и моќ. Зевс, богот над боговите, ги собрал и другите богови со цел да одреди казна за жителите на Атлантида.
-Но подоцна таму се случиле катастрофални земјотреси и поплави, и еден пеколен ден кога ноќта паднала над нив, кога сите тела на воините ги голтнала Земјата, островот Атлантида го голтна морето и исчезна“ – стои во писанијата на грчките историчари.