Во шеесеттите години од минатиот век, седум астронаути од американската вселенска програма „Меркур”, уживаа статус на рок ѕвезди!
Најмладиот и највпечатлив од сите, Гордон Купер, обожуваше спортски автомобили и изгледаше како филмска ѕвезда. Како вселенски пионер постави рекорд кој и ден денес се бележи како најдолгиот самостоен лет во историјата на САД. Во текот на една од своите мисии, задачата на Гордон е да ги најде нуклеарните поставки на Земјата, но тој откри нешто сосема поразлично: остатоци од потонати бродови. Децении потоа работеше во тајност служејќи се со информациите кои ги собрал во текот на своите летови околу Земјата.
Гордон изработил и документ кој верувал дека може да го доведе до незамисливо богатство: вселенска мапа која води до него. Откријте ја вистината за тајната мапа од вселената која води до богатствата на Земјата во недела, 28 мај во 22 часот во серијалот „Куперово богатство” на Дискавери.
„Куперово богатство” е авантуристички серијал темелен на вистински случувања, а претставува лов на богатствата на Земјата кој започнува во вселената. Серијалот го следи Дерил Миклос кој се обидува да ја дешифрира мапата и материјалите кои ги доби во наследство од астронаутот Гордон Купер. Во 1063 во вселенското летало Faith 7 , Гордон го соборува рекордот за најдолг вселенски лет во траење од 122 часа, а во таа мисија дојде до откритие кој пота ги чувал и анализирал со децении. Додека кружел околу Земјата, забележал повеќе од 100 аномалии во подрачјето на Јужните Кариби. Се верува дека во текот на целото свое патување забележал повеќе од 100 аномалии кои го привлекле неговото внимание.
Во текот на неколку децении, Гордон направил мапа за која верува дека открива милијарди долари вредно богатство. Со надеж дека ќе продолжи со истражување и ќе го пронајде богатството , пред смртта Купер ја споделува тајната со својот долгогодишен пријател Дерил Миклос. Овој серијал ќе ја разјасни вистината за богатството бидејќи Дерил со својот тим истражувачи и научници тргнува во потрага со која ќе ја заврши животниот труд на својот пријател и ментор.
Џозеф Бојл, извршниот продуцент на серијалот „Куперово богатство”, изјави: „Во време на големите географски откритија, Шпанците, Французите, Англичаните и Португалците имаат изгубено илјадници бродови во морето. Остатоците од бродот „Аточ” кријат богатство во вредност од 600 милиони долари кои ден денес излегуваат на површина. На истражувачите им требаа 17 години само да ги лоцираат остатоците полни со богатство. Користејќи ја мапата од вселената, Дерил за 17 часа пловидба ја лоцираше истата. Следниот ден пронајде уште еден потонат брод, два дена подоцна и третата, а потоа четврта и петта… Мапата не само што е вистинска, туку е и во милиметри точна! Пронајде повеќе остатоци од бродови за една недела, отколку сите ловци на богатство низ историјата. Картата претставува стотина потопени бродови низ целиот свет, и најверојатно е највредното парче хартија на светот.”