5 локации кои не смее да ги има ниту на една јавна мапа

Спонзорирани линкови

Од мистериозна сибирска тундра до локации на кои се тестира биолошко оружје – ваквите места дури ни Гугл не дозволува да се видат на мапа. Местата не се отворени за јавност, бидејќи владите и тајните организации чуваат информации, кои пошироката маса не треба да ги дознае, така барем тврдат теоретичарите на заговори.

Местата на мапите на Google се појавуваат заматени, а некогаш и избришани.

Скршената стрела на Гренланд

За време на Студената војна, американската авијација водела строго доверлива акција наречена „Хром дом“ во која авион В52 летал со арсенал на нуклеарно оружје. Операцијата е откажана кога бомбардерот паднал во 1968 година додека летал кај аеродромот Тул на Гренланд, а голем број луѓе се уверени дека ова место е замаглено на мапа, токму заради тоа. Експлозијата наводно го разделила мразот на морето, па заради тоа целото подрачје е контаминирано со радиоаткивен плутониум.

„Копирано и лепено“ место во Русија

Во дивините на сибирската тундра постои подрачје кај округот Чукотка кое е многу јасно исечено, односно „копирани и лепено“ од друго подрачје на Google Maps, а никој не е сигурен зошто е тоа така. Кога ќе се зумира, планините одеднаш се претвораат во рамна зона. Рисите пак на своите карти само го зацрнуваат подрачјето. Мистеријата да биде уште поголема, постои гласина дека во блискиот залив Креста се одвиваат операции на ЦИА. Теоретичарите на заговори сметаат дека таму се наоѓа руски систем за управување со времето HAARP, или пак се вршат некои тестирања.

Снежниот гребен во Непал

Тој е еден од најголемите врвови на Хималаите во Непал, со 6782 метри надморска височина. Необично е тоа што на мапата на Google Maps местото се зацрнува без никаква логична причина. Теоретичарите на заговори сметаат дека таму има тајна воена база. Човечка нога стапнала за прв пат во 1964 година, но постојат бројни шпекулации дека на врвот дошле нацистите за време на Втората светска војна кои таму откриле НЛО база и подрачје за различни тестирања,а местото се зацрнува на мапа за да не дојде до истражувања од страна на љубопитните лица.

Пацифифичкиот остров кој исчезнал

Островот кој наводно го открил капетанот Кук, Сенди, долго бил прикажуван како дел од Коралното море кај австралиското крајбрежје. Иако на картите од 1800-те било обележувано, многумина велат дека сега го нема на карта. Фантомскиот остров официјално бил „откриен“ во 2012-та година кога истражувачки брод не можел да пронајде ништо на координатите на кои требало да се наоѓа островот.

Ранчот „Junction“

Во средината на пустината Мохаве во Калифорнија се наоѓа ранчот „Junction“, местото каде што наводно се одвиваат воени тестирања и различни мистериозни проекти. Низ целата база има необични калибрациски мети изложени во геометриски примероци, додека на крајот од авионска писта има необичен состав на мобилна опрема за тестирање и воени возила. Најинтересно е тоа што делови од пистата се отсечени од мапите на Google Maps, а и други мапи.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford