Компанијата го опишува Apple Watch искуството како „елегантен и минималистички поглед на време – што е обично првата работа која ја посакувате кога ќе погледнете на часовник“.
Apple Watch паметниот часовник ќе се појави во почетокот на следната година во три различни верзии. Првата ќе биде спортска варијанта, втората од нерѓосувачки челик за просечни коросници и третата варијанта ќе биде луксузна со 18-каратно злато. Меѓутоа, сите три верзии ќе имат иста функција и интерфејс.
Она што овој гаџет може да направи ќе одлучи неговата успешност, а до сега немавме многу прилика да видиме што поточно може Apple Watch.
На официјалната веб страна пишува дека корисникот ќе има можност да менува различни елементи на предната страна на часовникот, од боја па се до броеви, со следење на времето во минути, секунди и милисекунди.
Што навистина паметниот часовник на Apple може, погледнете на официјалната веб страна на компанијата.