Истражувачите во „Columbia Engineering“ развија додаток за паметните телефони со кој може да се дијагностицира ХИВ или сифилис за само 15 минути.
Предност на овој додаток е тоа што не бара посебна батерија туку ја користи батеријата на вашиот паметен телефон. На пример, со само едно полнење можете да извршите до 41 тест со помош на iPhone 4s. Цената на овој додатокот е 34 долари, што е многу поефтино за разлика од традиционалната опрема.