Роботот Пепер e совршено друштво за постарите лица, децата и болниците…
Компанијата SoftBank вели дека Пепер може да препознае и да одговори на човечки емоции, односно препознава промени во гласот и изрази на лицето, зборува со луѓето и кажува шеги и се смеее на вицеви што ги кажуваат другите луѓе.
Пепер има исто така и свои емоции, па така ако го игнорирате, ќе стане тажен и осамен. Во текот на минатата година SoftBank го тестираше и усоврши овој робот и оваа недела ќе започне со продажба на јапонскиот пазар, за цена од 1,600 $.
Инвестирани се и дополнителни средства во компанијата за развој на новата верзија на роботот, т.е. за развој на Пепер 2.0, кој треба да биде понапреден и да има голем број на дополнителни опции.