Компанијата „Doppler Labs“ успеа за овој проект да собере 17 милиони долари.
Бежичните слушалки „Here Active Listening“ ги разви стартап компанијата „Doppler Labs“ од Њујорк, а во продажба ќе се најдат од јануари 2016.
– „Со овие слушалки секој станува инженер за звук“ – се вели во рекламата на ова технолошко чудо.
Целта не е слушање музика, туку можност да се влијае на звуковите околу нас – како што е избор и контрола на јачината на поединечен звук, со користење на апликација на паметните телефони.
Слушалките функционираат како филтер, па така корисникот го слуша само она што сака да го слушне.
Погледнете го видеото: