“KiboJet“ тастатурата можеби изгледа како било која стандардна тастатура, но во неа се крие мал проектор.
Се прашувате зошто служи?
Компанијата која стои зад оваа тастатура, Sho U, тврди дека проекторот може да пружи слика еднаква на онаа која ја дава 21- инчен монитор.
И не само тоа, проекторот е со FullHD резолуција, иако компанијата не пружила повеќе детали за ова тврдење. Малку е веројатно дека мислеле на 1080р резолуција, затоа што 1080р проекторите и понатаму се прилично скапи.