„Nokia“ за прв пат го откри новиот уред на социјалната мрежа „Twitter“, а во продажба ќе се најде во последниот квартал на оваа година.
Финската компанија „Nokia“ го откри својот прв уред за виртуелна реалност. Станува збор за камерата „OZO“ која ќе може да снима видео снимки во 360 степени.
– „Одушевени сме на светот да ја претставиме камерата „OZO“ која ќе дефинира комплетна нова категорија на снимање на видеа во виртуелна реалност. Очекуваме дека наскоро ВР драстично ќе го подобри начинот на кој луѓето комуницираат“ – истакна Рамзи Хаидамус, претседател на „Nokia Technologies“.
Во внатрешноста на камерата се наоѓаат осум синхронизирани сензори кои се дизајнирани за забележат стереоскопски 3D видео, а осумте интегрирани микрофони ќе ги забележуваат звуците од околината.