Овој уред дефинитивно не е бил за секого, а LG до сега сигурно е размислувал како новиот телефон да биде што повеќе комерцијален. Пред сѐ, се очекува LG G Flex 2 да има помал екран, односно дека целиот телефон ќе биде помал. Ова е првиот добар потег, со обзир на тоа дека првата и единствената генерација на телефонот имаше екран со дијагонала од 6 инчи, што е сепак премногу за повеќето корисници.
Се очекува покрај намалувањето на дијагоналата на екранот, резолуцијата да порасне од 1280×720 на 1920×1080 пиксели. Некои велат дека LG G Flex 2 ќе се појави до крајот на оваа година, додека пак други велат дека можеме да ги очекуваме дури во февруари 2015.
Најновите информации предвидуваат дека датумот ќе биде некаде помеѓу, што се идеално поклопува со саемот CES 2015, кој започнува на 6 јануари, односно за нешто повеќе од 5 недели. Ни останува само уште да видиме дали LG G Flex 2 ќе биде комерцијална верзија на првата генерација или можеби корејската компанија ќе донесе уште некои елементи кои ќе бидат посебно издржливи и флексибилни.