Она што е интересно е фактот дека Exynos 5430 следи една од верзиите на Galaxy Note 4, но изгледа тоа ќе го направи и новиот процесор.
Судејќи по веб сајтот на Samsung, Exynos 7 ќе биде во рамките на една од варијантите на Note 4 – но сеуште не е познато на кој пазар ќе биде достапен овој уред.
Exynos 7 Octa ќе пристигне со Cortex-A57 и A53 процесори, а ќе биде имплементирана и big.LITTLE HMP архитектура.
Како и претходникот, Exynos 7 е направен со помош на 20nm процеси на производство, а процесорот поседува и Advanced Multimedia Codec за UHD видео, можност за снимање на видео клипови и правење на фотографии во голема резолуција со помош на предната и задната камера во исто време (16MP со 30 фрејмови по секунда и 5MP со 30 фрејмови по секунда) и унапреден Mali T-760GPU.
Секако, ќе мораме да причекаме за користење на овој уред во контекст на реалниот свет како би ги виделе овие перформанси на дело, иако на хартија Exynos 7 Octa изгледа прилично занимливо.