Корејскиот гигант „Samsung“ ги предупреди своите корисници да внимаваат што зборуваат пред телевизорот.
Опцијата „Voice command“, која мора да биде одобрена од корисникот, доколку ја користите, тогаш постои шанса вашиот телевизор да снима одреден дел од вашите разговорите. Компанијата „Samsung“ дури и ги предупреди корисниците.
– „Почитувани, земете во обзир дека вашите зборови, вклучувајќи и лични информации, можат да бидат снимени и доставени до трета страна за процесирање“ – изјавија од компанијата.
Корисниците со самото согласување на оваа опцијата автоматски им го дава ова право на компаниите.