Денешниот компјутерски свет е зависен од процесори кои за секунда можат да извршат неколку милиони операции а најновиот процесор ни доаѓа од кујната на IBM со назив “TrueNorth“ кој е базиран на човечкиот мозок, односно ја имитира неговата структура.
Иако денешните процесори имаат повеќе јадра и многу сила, сепак никако не можат да се споредат со нашиот мозок. Човечкиот мозок се состои од 100 трилиони синапси, а еден од најсилните суперкомпјутери на светот „функционира“ дури 1500 пати побавно од човекот.
На компјутерите за да го имитираат човечкиот мозок им е потребна голема сила затоа што тоа што нашиот мозок го работи дури и пасивно е неверојатно сложено.
TrueNorth работи на тој начин што ги препознава обрасците и ги подредува така што податоците многу поефикасно можат да се обработат, сето тоа со помош на 4096 јадра!
Овие процесорски јадра од стандарните јадра за кои ние знаеме. Наместо да работат постојано, секое јадро на “TrueNorth“ процесорот работи само тогаш кога е потребно, а тоа го намалува загревањето и потрошувачката на енергија. Сите 4096 јадра комуницираат меѓусебно по пат на посебна мрежа која овозможува процесорот да функционира дури и ако некое од јадрата се расипе.
Сите овие јадра формираат милион неврони и 256 милиони синапси. Сепак ова и понатаму е многу далеку од силата на човечкиот мозок и нашите 10 милијарди неврони и 100 трилиони синапси.