Можеби сте забележале – на буквите F и J на вашата тастатура има мали цртички на себе. Зошто е ова вака?
Овие цртички се додадени за корисниците да можат полесно да ги лоцираат точните букви без потреба да гледаат во тастатурата и да ги наместат рацете во оптимална положба.
Додека вашите показалци се наоѓаат на овие две букви со испакнатини, левата рака ги покрива A,S,D и F, додека десната ги покрива J, K, L и интерпункциските знаци.
Испакнатините на буквите ги смислила Џун Ботиш, за да ја зголеми брзината и точноста при пишувањето.